И Бернардески позитивен на коронавирус
Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески е позитивен на коронавирус, јавија денеска локалните медиуми, напоменувајќи дека тој е седмиот репрезентативец на Италија заразен со Ковид-19 по враќање од обврските со националниот тим во мундијалските квалификации.