Фудбалерите на Вест Хем ќе дадат се од себе да завршат сезонава меѓу првите четири екипи во Премиер лигата, најави денеска капитенот на лондонскиот клуб Марк Нобл.

-Немаме што да изгубиме и одиме тоа да го реализираме, изјави капитенот на Вест Хем, кој во понеделникот запиша нова победа во англиското првенство триумфирајќи над Вулверхемптон со 3:2.

Вест Хем по 30 натпревари е четвртопласиран на табелата со 52 бодови, еден повеќе од петопласираниот Челзи, а три повеќе од Тотенхем и Ливерпул.

-Засега сме меѓу најдобрите екипи во лигата. До овој момент имаме успешна сезона и се надеваме дека така ќе биде и на крајот, рече Нобл.