Рекордерот на Лацио, Чиро Имобиле, ќе се врати во Серија „А“, но овој пат како дел од друг клуб, објавуваат италијанските медиуми.
Искусниот напаѓач треба да потпише договор од 1+1 година со Болоња за плата од 2 милиони евра по сезона.
Сепак, пред тоа, тој мора да го раскине договорот со Бешикташ, на чиј тим му се придружи пред само една година.
Минатата сезона, Имобиле постигна 19 гола на 41 натпревар за истанбулскиот гигант, но сака да го раскине договорот една година пред да истече.
Иако неговата плата за цела сезона со „орлите“ изнесува 6 милиони евра, 35-годишниот голгетер сака да се врати во својата татковина.
Покрај Лацио, тој играл во Серија „А“ и за Јувентус, Џенова и Торино, постигнувајќи 201 гол на 353 натпревари во италијанската елита.