Финалето на шпанскиот фудбалски куп, сепак, без навивачи
Финалниот натпревар од минатогодишното издание на шпанскиот фудбалски куп меѓу баскиските ривали Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, што поради пандемијата на коронавирус беше одложен за годинава, ќе се одигра на 3 април во Севиља пред празни трибини, соопшти денеска официјално Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF).