По еден натревар суспензија за Ибрахимовиќ и Лукаку
Дисциплинската комисија на Италијанскиот фудбалски сојуз им изрече денеска суспензија во траење од еден натпревар на напаѓачите на Милан и на Интер, Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, поради инцидентот што се случи минатиот викенд во дуелот на градските ривали од Милано во рамки на националниот куп.