Во третото коло од Премиер лигата, лондончани вечерва ремизираа 3:3 со Вест Бромвич Албион. Челзи под водство на тренерот Френк Лампард, забележа 20 примени гола на 21 натпревар на гостински терен во лигата.
Во третото коло од Премиер лигата, Челзи вечерва ремизираше на гостувањето кај Вест Бромвич играјќи 3:3. Сините од Лондон, губеа со 3:0 до 54. минута, но на крајот успеаја да се изборат за реми.
Тимот на Евертон го победи Кристал Палас во мечот од 3. коло на шампионатот на Англија со 2:1. Екипата на Карло Анчелоти се најде на првото место на табелата со три победи во три натпревари.
Нерешено без голови (0:0) заврши денешниот натпревар во Велес меѓу Борец и Работнички на отворањето на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик не планира да направи големи промени на утрешниот натпревар против Хофенхајм, иако Баварците во четвртокот одиграа 120 минути против Севиља во натпревар за Суперкупот на УЕФА.
Драмата со разделбата со Луис Суарез видно го изнервира капитенот на Барселона, Лионел Меси, кој не се плашеше повторно да ја нападне управата.
Атлетико Мадрид се радува на вклучувањето на новото засилување Луис Суарез. Јужноамериканецот пристигна како слободен агент и вчера го направи првиот тренинг со тимот.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека големите клубови во Премиер лигата мора да најдат начин да им помогнат на тимовите од пониските дивизии во Англија, кои најмногу страдаа финансиски поради пандемијата на коронавирус.
По „лудиот“ натпревар во третото коло од премиер лигата во кое силите ги одмерија Брајтон и Манчестер Јунајтед, по натреварот тренерот на „црвените ѓаволи“ имаше интересна изјава со која го „пецна“ Жозе Мурињо.
Манчестер јунајтед го совлада Брајтон со 3:2 во натпревар од 3. коло на Англискиот шампионат одигран попладнево. Гостите победничкиот гол постигнаа во 10.минута од судиското продолжение од пенал.