Шкупи ја совлада Ренова во меч со многу пресврти и седум постигнати голови
Во најинтересниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи ја совлада Ренова со 4:3. „Чаирчани“ во првото полувреме водеа два пати, Ренова изедначуваше. Во второто полувреме „гипсарите“ за првпат поведоа, но Шкупи до крајот постигна два гола за конечен триумф.