Ракитиќ: Сакам да останам во Барселона, но не сакам да ја расипам атмосферата
Репрезентативецот на Хрватска, Иван Ракитиќ, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ во петокот изјави дека има намера да игра за Барселона следната сезона, односно до истекот на неговиот договор, и дека освојувањето на Лигата на шампионите би ги заборавило сите лоши работи од оваа сезона.