Арсенал најави сериозни кратења, навивачите го критикуваат клубот
Арсенал најави дека ќе отпушти 55 вработени поради финансиските последици од кризата со коронавирус. Пред само неколку дена, „топџиите“ го освоија рекордниот 14-ти Куп на Фудбалската асоцијација по победата од 2:1 над Челси во финалето, што му обезбеди на тимот учество во Лигата на Европа следната сезона и солидни дополнителни приходи, но клупските газди сепак прибегнуваат до екстремни мерки за справување со кризата.