Сити го финализираше трансферот на Феран Торес
Крилниот напаѓач на Валенсија, Феран Торес, официјално се пресели во Манчестер Сити. „Граѓаните“ потпишаа со талентираниот Шпанец на 5 години. Претходно денес, тој беше подложен на лекарски прегледи во Барселона, по што немаше никакви пречки за да се потврди договорот.