Абрамович одбил да го купи Тотенхем
Роман Абрамович одбил да купи акциите на Тотенхем непосредно пред да стане сопственик на Челси. Поранешниот извршен директор на „сините“, Марк Тејлор го откри ова. Тој раскажа како рускиот бизнисмен имал средба со претседателот на Спарси, Даниел Леви, еден ден пред да се сретне со поранешниот шеф на Челси, Кен Бејтс. Леви му понудил 29,9 проценти од акциите на Тотенхем, а Абрамович барал мнозински удел.