Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка
Има многу клубови кои се заинтересирани за трансфер на Единсон Кавани, потврди мајката на ѕвездата на Пари Сен Жермен. Кавани беше близу до премин во Атлетико Мадрид во јануари, но договорот пропадна во последната минута и уругвајскиот репрезентативец остана во француската престолнина. Сепак, тој ќе замине во текот на летото и ќе биде желба за многу тимови, особено како слободен агент.