Јунајтед привлече напаѓач во последната минута од трансфер прозорецот
Манчестер Јунајтед привлече напаѓач во последен момент пред да се затвори зимскиот преоден рок. „Црвените ѓаволи“ ги обезбедија услугите на Одион Игало, кој до крајот на сезоната ќе дојде во клубот на изнајмување со опција за откуп. 30-годишниот Нигериец, кој е во сопственост на Шангај Шенхуа, сè уште е во Кина, но се очекува да пристигне во Англија во наредните денови