Белгиецот Јаник Караско се врати во Атлетико Мадрид. Обновената соработка со поранешниот член ја потврдија и од клубот од „Ванда Метрополитано“. Караско од февруари во 2018 година играше за кинески Далиан за кој во 52 натпревара даде 24 гола и до крајот на сезона ќе игра како позајмен фудбалер во неговиот стар клуб. На Атлетико му се придружи во 2015 година од Монако и за три години во екипата на Диего Симеоне одигра 124 средби во кои реализира 23 погодоци. За Белгија досега одигра 41 меч и има постигнато шест голови.