Мбапе е најмладиот фудбалер со 50 гола во Лига 1
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе постави уште еден рекорд зад своето име, откако стана најмладиот фудбалер, кој стигна до 50 гола во француската Лига 1. Тој се запиша на два пати при успехот со 3:0 над Ним, со што ја зголеми предноста на тимот во шампионатот. ПСЖ веќе води 17 поени пред вториот Лил. Третиот гол го постигна Кристофер Нкунку.