Екипата на Торино денеска ја победи Аталанта со 2:0. Ова беше нивни петти „сув“ натпревар.

На претходните четири Торино одигра две реми без примен гол и има две победи исто така без да биде затресена неговата мрежа.

Ова е прва ваква серија за калчолигашот од северот на Италија по пауза од 34 години.

Во моментов, Торино е рангирана на шестото место во пласманот на Серија А. Во 25 натпревари, предводени од тренерот Валтер Мацари, Торино стигна до 38 бода.