Кристијано Роналдо на изненадување на сите минатото лето премина од Реал Мадрид во Јувентус. Од почетокот на сезоната Португалецот има 17 гола и шест асистенции и никој во Торино не може да се пожали од прикажаното од Португалецот.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дал наредба да се продолжи договорот со освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ.
Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул направи погрешен потег во борбата за титулата, откако одигра само 1:1 при посетата на Вест Хем, во меч од 25-тиот круг на англиското првенство.
Капитенот и напаѓач на Барселона, Лионел Меси, е единствениот играч во историјата на Шпанското фудбалско првенство со постигнати повеќе од 20 гола 11 сезони по ред.
Калчолигашот Наполи не ја прифати понудата на премиерлигашот Ливерпул за напаѓачот Лоренцо Инсин испратена во јануарскиот трансфер прозорец.
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, помалку е разочаран дека клубот не успеал да го продолжи својот победнички поход во Француското фудбалско првенство.
Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин е задоволен од можноста да работи со тренерот Маурицио Сари. Аргентинец во зимскиот трансфер прозорец се пресели од Милан во Челзи, и веќе постигна два гола з асвојот нов клуб.
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, изјави дека напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела, заслужено доби повик во националниот тим.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп категорично го отфрли сценариото, според кое тимот ќе ја остави во втор план Лигата на шампионите во името на постигнување на најголема цел – титулата во Премиер лигата.
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели призна дека првиот дел од сезоната го поминал во Ница против неговата волја.