Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул направи погрешен потег во борбата за титулата, откако одигра само 1:1 при посетата на Вест Хем, во меч од 25-тиот круг на англиското првенство.

Садио Мане отвори за гостите во 22-та минута, а Мијел Антонио го реализираше голот за тимот од Лондон во 28-та минута.

Ова е второ последователно реми за тимот од Мерсисајд по нерешените 1:1 со Лестер во минатата рунда, а вчерашниот гол дојде по чист офсајд.

Ливерпул и понатаму е прв со 62 поени, но сега само три повеќе од неговиот главен конкурент – Манчестер Сити.

Вест Хем останува на 12-то место со 32 поени.