Икарди бара 7,5 милиони евра годишно за да остане во Интер
Капитенот на Интер, Мауро Икарди преговара со клубот за продолжување на договорот. Според „Калчомеркато“ раководството на клубот е подготвено да му понуди годишна плата од шест милиони евра, додека Аргентинецот бара 7,5 милиони по сезона.