Алегри: Мечот со Милан е проверка пред натпреварите во ЛШ
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во светот, како и дека дуелот со Милан за Суперкупот ќе биде подготовка за елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Двата тима ќе се соочат еден против друг во Џеда, во среда од 18,30 часот по македонско време.