УЕФА: Манчестер сити може да биде исфрлен од европските турнири
Манчестер Сити навистина може да биде исфрлен од европските турнири. Ова го откри човекот, од кого зависи стриктното следење на правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА – Ив Летерм, кој е поранешен премиер на Белгија, а сега ја исполнува улогата на претседател и главен истражен контролен орган за набљудување на финансиските одредби на Европската фудбалска централа.