Клоп му возврати на Гвардиола: Манчестер сити е најдобриот тим на светот
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред натпреварот од 21. коло од првенството на Англија против Манчестер сити, рече дека „граѓаните“ се најдобриот тим на светот. Германскиот експерт, исто така, додаде дека утрешниот дуел ќе биде игра за шест поени.