Серија „А“ се пофали со повеќе гледачи на трибините, Интер води
Италијанските навивачи, кои во живо следеле натпревари од првата полусезона во Серија „А“, се повеќе на број во однос на минатата година. И како целина посетеноста на стадионите на Апенините одбележува 5-годишен раст, покажува истражувањето, направено по завршувањето на 19-тото коло во шампионатот.