ФК Саса одбележа 50 години од своето постоење
Во Македонска Каменица на свечена церемонија се одбележаа 50 години од формирањето на фудбалскиот клуб Саса. Во своето излагање пред присутните, актуелниот претседател на клубот, Климент Ѓорѓиевски порача дека клубот мора да го продолжи аманетот на луѓето кои пред 50 години го основаа клубот кој прерасна во бренд на Македонска Каменица.