Сари го губи трпението со Азар
Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, чиј договор истекува по година и половина, постојано признава дека би сакал да премине во Реал Мадрид. По победата над Ватфорд со 2:1 во средата, Белгиецот изјави дека сака да почека крајот на сезоната, за да донесе одлука за својата иднина, но тренерот на „сините“, Маурицио Сари не сака да чека.