Лук Шо: Луѓето брзо заборавија што направи Мурињо за Јунајтед
Бекот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, изјави дека на Мурињо треба да му се оддаде заслужена почит за она што го постигна на „Олд Трафорд“. Португалецот беше отпуштен од „црвените ѓаволи“ минатата недела по слабиот старт на сезоната. За време на престојот во клубот, Мурињо често го критикуваше Шо, но и му даде шанса да се истакне.