Македонската фудбалска репрезентација остана на 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска. Ова е веќе четврти месец по ред со непроменет рејтинг на „црвено-жолтите“. На истата позиција се наоѓаат ушет од рангирањето извршена на 20 септември.
Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, очекува исклучително тежок пат до финалето на Лига купот. Неговиот тим синоќа во четвртфиналето го совалда Арсенал со 2:0 и за ривал во полуфиналето го доби Челзи.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо конечно сподели мислење за неговиот престој во „Олд Трафорд“.
Шефот на Германската фудбалска асоцијација, Рајнхард Гриндел, бара од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино да ја зголеми транспарентноста на организацијата.
Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари не е загрижен за гласините што со клубот го поврзуваат Жозе Мурињо. Шпанските медиуми веруваат дека Реал ќе му испрати понуда на Португалецот да седне на тренерското место. Мурињо вчера беше отпуштен од Манчестер Јунајтед.
Оле Гунар Солскјер, кој беше назначен за вршител на должноста тренер на Манчестер јунајтед до крајот на оваа сезона, рече дека со нетрпение очекува да започне работа.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека не би сакал да сака да се сретне со Јувентус во раната елиминациска фаза од Лигата на шампионите. Тој истакна дека го смета клубот од Торино за прв фаворит за трофејот.
Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, може да биде казнет од клубот поради непочитување на тимот, а сега и кон веќе поранешниот тренер, Жозе Мурињо.
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, призна дека беше подготвен да ја заврши кариерата откако го напушти Јувентус. Според него, неочекувано дојде понудата од Париз.
Премиерлигашот Челзи покажува интерес за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Реал, Иско, објавија британските медиуми.