Жиру сонува за титула во Премиер лигата пред да се пензионира
Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру изјави дека сонува да триумфира со титулата во Премиер лигата пред да се повлече од фудбалот. Францускиот репрезентативец го освои ФА Купот, откако се приклучи на „сините“ од Арсенал, а во текот на летото стана и светски шампион со „петлите“ на Мундијалот во Русија.