Познати сите учесници во плејофот од ЛЕ, меѓу нив не e Милан
Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групната фаза, познати се сите учесници во 1/16финалето од Лигата на Европа. Најголемото изненадување го направи Олимпијкос кој го совлада Милан со 3:1, резултат кој значи елиминација од евро-сцената за повеќекратниот континентален шампион.