Мурињо: Треба да играме на врвот на нашите можности против Арсенал
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо очекува тежок тест против Арсенал во Премиер лигата. Тимот од Лондон се искачи на четвртото место на табелата по импресивната победа со 4:2 против големиот ривал Тотенхем во неделата, но Мурињо е категоричен дека „топџиите“ сочувале некои од клучните играчи во дуелите од Лига Европа.