Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите
Европскиот шампион Португалија, кој ќе биде домаќин на натпреварите од финалната четворка во Лига „А“ на новиот турнир на УЕФА, ќе игра со тимот на Швајцарија за место во финалето на Лигата на нациите. Во другиот дуел, полуфиналистот од Мундијалот 2018, Англија ќе се сретне со тимот на Холандија.