По серија од шокантни откритија во последните недели, германското издание „Шпигел“ објави нов материјал кој директно ја засега големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо. Станува збор за скандалот со силување, во кој е вмешан Португалецот во последниве неколку месеци.
Капитенот на Интер, Мауро Икарди, во интервју за „Кориере дело Спорт“ одговори на доста интересни прашања, од кои едно беше за интересот од Реал Мадрид до него.
Тимот на Рома започнал преговори со Антонио Конте за заменик на Еузебио ди Франческо, но поранешниот менаџер на Челзи очекува повик од Манчестер Јунајтед или ПСЖ, тврди весникот „Панорама“.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да присуствува на церемонијата на доделување на „Златната топка“ за 2018 година, соопштуваат медиумите на Апенините.
Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис отфрлил понуда на Манчестер Јунајтед од 103 милиони евра (91.4 милиони фунти) за сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали, потврди „Кориере дело Спорт“.
Дефанзивецот на ПСЖ, Даниел Алвеш ја прокоментира одлуката за преместувањето на реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во Европа, изјавувајќи дека ова е најголемиот срам на кој бил сведок.
Халфот на Челзи, Сеск Фабрегас во последниве месеци многу често се поврзува со заминување од „Стемфорд Бриџ“, откако се помалку игра за првиот тим.
Синот на Зинедин Зидан, Енцо, проговори за иднината на неговиот татко, најавувајќи дека поранешниот тренер на Реал Мадрид наскоро ќе се врати на тренерската клупа, иако не прецизира каде ќе се случи тоа.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино е убеден дека „петлите“ не се кандидати за титулата во Премиер лигата оваа сезона.
Шпанскиот фудбалер Давид Виља најави дека го напушта сегашниот клуб Њујорк Сити, но ќе остане да игра уште една сезона во тимот.