Оливер Кан е главен кандидат за претседател на Баерн
Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан е фаворит да го наследи Ули Хенес како претседател на баварците, тврди „Билд“. Хенес најави дека ќе ја напушти функцијата откако ќе донесе одлука генералното собрание на клубот, кое ќе се одржи на 30 ноември.