Менаџери на Модриќ переле пари во Република Српска
Парите од договорот на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ со Реал Мадрид се префрлени на банкарски сметки во Република Српска, а зад финансиските трансакции стојат поранешната фудбалска ѕвезда и поранешниот спортски директор на мадридскиот клуб Предраг Мијатовиќ заедно со неговиот деловен партнер, познатиот менаџер од Бања Лука Владо Лемиќ, пишува во новото издание на хрватски „Национал“.