Руни се враќа во англиската репрезентација, со капитенска лента против САД на „Вембли“
Вејн Руни ќе ја прекине за кратко репрезентативната пензија и во ноември ќе го одигра прошталниот натпревар од англискиот национален состав. Мечот против селекцијата на САД ќе биде официјално збогување на стрелецот на рекордни 53 гола за Англија. 33-годишниот Руни, последен пат за тимот на „гордиот Албион“ играше во ноември 2016 година во победата над Шкотска од 3-0.