Алесио Ромањоли на втор натпревар по ред постигнува гол во судиското надополнување и му носи три бода на Милан.

Росонерите триумфираа синоќа на гостувањето во Удине со 1:0 со гол постигнат во 90+7 минута.

Во претходната рунда Ромањоли во екстра времето го постигна победничкиот гол против Џенова (2:1).

Со освоените три бода Милан остана на 4.место во Серија А. Миланезите имаат 21 бод, четири помалку од Наполи и Интер и 10 од лидерот Јувентус.