Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, води разговори со калчолигашот Милан.
Тренерот Марсело Галардо доби суспензија на четири натпревари по што нема да може да го предводи својот тим Ривер Плејт во финалето на најсилното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка – Копа Либертадорес.
Сантијаго Солари е најдобриот тренер дебитант на клупата на Реал Мадрид во последните 61 година. Тој стартуваше со две победи, а последен тоа пред него го направил Луис Карниља во далечната 1957 година.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека идејата за создавање на Суперлига е добра и дека за учесниците тоа ќе донесе повеќе финансиски бенефиции, а помалку натпревари.
Екипата на Реал Мадрид го совлада Ваљадолид со 2:0 во натпреварот од 11. круг на шампионатот на Шпанија и на тој начин ја прекина серијата од пет натпревари без победа.
Тренерот на Челзи, Маурисо Сари, изјави дека е фокусиран кон дуелот со Кристал Палас и не размислува за рекордот што може да го постават „сините“.
Манчестер Јунајтед му го нанесе првиот пораз на домашен терен на Бурнемаут оваа сезона во Премиер лигата. Стрелец на победничкиот гол за „црвените ѓаволи” беше Маркус Рашфорд во 92.минута.
Фудбалерите на Лестер ќе присуствуваат на прошталната церемонија за сопственикот на клубот Вишај Шриваданапраби, која ќе се одржи денеска во Бангкок.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги предупреди новинарите дека за трофејот не одлучуваат само неговата екипа и Манчестер Сити, туку има и други тимови кои заслужуваат внимание.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се најде во центарот на масовни откритија по истекување тајни информации од „Фудбал ликс“, објавени од германскиот весник „Шпигел“.