И противниците разочарани кога не игра Роналдо
Кристијано Роналдо е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал, а за неговата популарност потврда е и изјавата на тренерот на Јанг Бојс, Герардо Сеоане, кој рече дека е разочаран што Португалецот нема да настапи за Јувентус во дуелот со неговиот тим во втората рунда од Лигата на шампионите.