Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нагласи дека се уште има доверба во напаѓачот Мохамед Салах, иако во изминатиот период игра во послаба форма.
Ливерпул и Челзи викендов одиграa нерешено 1:1, а Салах имаше неколку добри шанси, но не успеа да реализира и во 66-та минута беше повлечен на клупата.
- Тоа сигурно не беше неговиот најдобар натпревар во кариерата. Тој е првокласен играч, но некогаш се случува да промашиш и да не успееш. Во моментов за него ова е во таков период, но нештата ќе се средат, истакна Клоп.
Салах минатата сезона беше прогласен за најдобар стрелец во Премиер лигата.