Најдовски: Не треба да ја потценуваме Победа, треба да останеме на врвот што подолго
Екипата на Вардар денес од 15 часот гостува на Победа во рамките од 8. коло во Првата лига, а натпреварот ќе се игра на неутрален терен на стадионот во Штип. Со победата над Силекс минатото коло, Вардар се искачи на врвот на табелата, откако „црвено-црните“ се во серија од три победи по ред - Шкупи, Работнички, Силекс.