Кошмарот на ѕвездата на репрезентацијата на Англија и Тотенхем, Деле Али се чини дека нема крај. Офанзивниот фудбалер повторно заработи повреда на тетивата, која настрада и претходно во септември, кога имаше настап со националниот тим. Според првичните информации, тој нема да игра најмалку еден месец. Ова значи дека ќе биде аут за најмалку седум важни судири, како и два дуели на „лавовите“ во средината на октомври. Сепак, тоа допрва треба да биде потврдено од страна на медицинскиот персонал. Тој ќе помине дополнителни тестови во недела и понеделник. Ако првичните предвидувања се остварат, тој нема да игра за Тотенхем во Хадерсфилд, Кардиф, Манчестер Сити и Вест Хем за Премиер Лигата и натпревар од Карабао Купот. Али нема да биде на линија и за битките со Барселона и ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите. Исто така е надвор од битките на Англија со Хрватска и Шпанија. Деле Али беше повреден за време на паузата за националните тимови во септември и се врати во составот едвај минатиот викенд против Брајтон,а во текот на неделата учествуваше и против Ватфорд во Карабао Купот.