Киево казнет со одземање три бода
„Летечките магариња“ се санкционирани поради финансиски малверзации на раководството. Имено, претседателот на Киево, Лука Цампедели, заедно со луѓе од Чезена, разменувал играчи по цена далеку повисока од реалната при што на клубот му создал лажен профит од 25 милиони евра.