Јусеф Ел-Несири потпиша за Фенербахче, стана најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига
Мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири потпиша петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче, соопштија од клубот. Последните четири сезони ги помина во шпанска Севиља, а сега беше привлечен од тренерот на „фенерите“, Жозе Мурињо.