Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потпиша нов договор со клубот, објави официјалниот сајт на тимот од „Олд Трафорд“.
Германскиот репрезентативец Џамал Мусијала е импресиониран од квалитетите на младиот шпански фудбалер Ламин Јамал.
Полицијата во Франкфурт отвори истрага по објавувањето на видеото на кое се гледа како стјуардите тепаат навивач на натпреварот Португалија - Словенија во осминафиналето на Евро 2024 година.
Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш ја истакна решителноста на сите негови соиграчи да дадат максимум во обидот Кристијано Роналдо да го подигне трофејот на неговото последно Европско првенство.
Голманот на Манчестер сити, Едерсон е блиску до преселба во Ал-Наср од Саудиска Арабија, тврди новинарот Џанлуиџи Лонгари.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони сѐ уште се сомнева во учеството на капитенот на тимот Лионел Меси во четвртфиналниот натпревар на Копа Америка против Еквадор.
Полјакот Пјотр Зиелински е ново засилување на Интер, откако Наполи не ја продолжи соработката со 29-годишниот играч за врска.
Николо Заниоло (25) се враќа во Серија „А“ по година и пол помината во Галатасарај, за кои се појави само 12 пати, постигна пет гола и еднаш асистираше.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој е мета на критики од медиумите на островот и јавноста, се одлучи за формација со тројца одбранбени играчи, пишува „Гардијан“.
Фудбалерите на последните два европски клупски шампиони, Манчестер Сити и Реал Мадрид, имаат најмногу награди за најдобар играч во досегашните 44 натпревари на ЕП 2024 пред да се одиграат четвртфиналните дуели на турнирот, се вели во извештајот на АС.