Јакин: Добро се претставивме против Германија и Италија, зошто да не ја победиме Англија?
-Игравме против Германија и се претставивме добро. Игравме и против Италија, исто така голем тим, па зошто да не ја победиме Англија? Во моментов нашиот став е позитивен, ќе видиме. Пред нас е голем предизвик против Англија и ни претстои тешка борба, рече Јакин.