Четворица фудбалери и официјално ја напуштија Барселона
Барселона на последниот ден од јуни се прости од четворица фудбалери кои од утре веќе не се на платниот список на клубот. На Маркос Алонсо му истече договорот, Серхио Дест беше префрлен во ПСВ Ајндховен бесплатно, додека на Жоао Кансело и Жоао Феликс им истече позајмицата.