Френки де Јонг нема да игра на ЕП 2024
Репрезентативецот на Холандија, Френки де Јонг, поради повреда е исклучен од Европското првенство летово во Германија. Играчот од средниот ред на Барселона страдаше од повторливи проблеми со глуждот во последните месеци и никогаш не се опорави целосно за да биде достапен за Роналд Куман.