Најдобриот типувач на "Sport Life" е од Кочани
Саботата, 23 февруари, во Кочани, „Sport Life“ го прогласи најдобриот од сите играчи во финалето на Типстер купот од првата - есенска етапа. Победникот е Александар Трендафилов oд Кочани, кој со освоените 83.283,9 поени се рангираше на првото место. Пред објектот на „Sport Life“ во близина на трговскиот центар во Кочани, му беа врачени клучевите заедно со главната награда - „Peugeot 308“.