Менкиноски: Да натерате некој на избори после 20 дена од вонредна состојба е надвор од сите цивилизациски норми
-Садистички е сега да се гледаат изборите во јуни и да се натераат граѓаните спротивно на нивното здравје и добробит, да излезат на избори на 21-ви јуни. Тоа го кажува медицинската фела, тоа го кажуваат и правните експерти, така да бесмислено е да се натера народот на таков чин, рече тој.