Адвокатот Тони Менкиноски во интервју за порталот курир како “садистички“ ги оцени барањата на Зоран Заев да има брзи корона избори.

-Садистички е сега да се гледаат изборите во јуни и да се натераат граѓаните спротивно на нивното здравје и добробит, да излезат на избори на 21-ви јуни. Тоа го кажува медицинската фела, тоа го кажуваат и правните експерти, така да бесмислено е да се натера народот на таков чин, рече тој.

Менкиноски оценува дека има и правни пречки избори да се одржат толку брзо.

-Оваа Влада пропушти да го почитува членот 15 од Европската конвенција за човекови права во делот на вонредната состојба. Заборави да го информира генералниот секретар на Совет на Европа дека постои вонредна состојба и дека некои одредби како што е слободата на движење се дерогирани. Мора да постои разумна слобода и разумни услови за да се излезе на избори. Кога завршува вонредна состојба вие да натерате некого да излезе после 20 дена на избори е надвор од сите цивилизациски норми, посочи тој.


Администратор
24/05/2020 15:18